Започна пријавувањето за учество на осмиот по ред меморијален турнир во мал фудбал во Лескоец во чест на Љупчо Цветаноски (Шенгелија) и Јордан Башукоски (Пиперот).

Пријавувањето на екипите ќе трае до 22 мај за кога е и закажана ждребката за групите која ќе се одржи во кафе Бар Бордо-Лескоец. Ден потоа на 23 мај и официјално ќе започне осмиот турнир со меморијален карактер.

Контакт за пријавување и информации 070 217 891 (Павел). Учеството на турнирот изнесува 3 000 денари. Месната заедница Лескоец која ќе го организира меморијалниот турнир најавув богати награди кои наскоро ќе бидат објавени.

OhridNews