Започна пријавувањето за учество на седмиот по ред меморијален турнир во мал фудбал во Лескоец во чест на Љупчо Цветаноски (Шенгелија) и Јордан Башукоски (Пиперот).
Пријавувањето на екипите ќе трае до 26 мај за кога и е закажана ждребката за групите. Ден потоа на 27 мај и официјално ќе започне седмиот турнир со меморијален карактер.
Секоја екипа при пријавувањето на бројот 070 350 910 (Дејан) или 070 430 450 (Зоки) ќе треба да уплати 3 000 денари. Организаторите најавуваат богати награди кои ќе бидат соопштени на денот од ждребката за групите.
OhridNews