Започна пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Петровден 2018“ кој ќе се одржи од 19 јуни до 12 јули во селото Мешеишта.

Пријавувањето за турнирот ќе трае до 17 јуни. Секоја екипа заинтересирана за учество треба да се пријави кај лицето Игор Крцоски – Манце (075 701 800). Учеството чини 3 000 денари.

Ждрепката за еден од најстарите турнири во мал фудбал во регионов е закажана на 18 мај во 21 часот во Домот на Културата во Мешеишта.

OhridNews