Започна пријавувањето за 27-то издание на интернационалниот Атлетски маратон во Охрид, кој традиционално се одржува на 8 септември по повод независноста на Република Македонија.

Заинтересираните атлетичари пријавувањето можат да го извршат на интернет страната www.iamo.mk и лично во просториите на спортската сала „Билјанини Извори“.

Минатата година на 26-от интернационален Атлетски маратон триумфираше Унгарецот, Тамаш Наги со време од (1.44.29.93). Кај дамите прва целта ја мина охриѓанката Јована Целевска.

Ohridnews