Турнирот ќе се одржи од 22.06 до 12.07 за кога се закажани финалните натпревари. Пријавувањето ќе трае до 20.06, а заинтересираните екипите можат да пријават на телефонот 075 701 800 (Игор Крцоски).
За учество на турнирот секоја екипа треба да плати 3000 денари најдоцна до 20.06.2013г. до 22ч.
Ждрепката за распоредот на екипите во групи ќе се изврши на 21.06.2013ч.во Домот на културата во Мешеишта. Натпреварите ќе се играат во вечерните часови под рефлектори, а наградниот фонд ќе биде соопштен на денот на извлекување на групите.
Ве молиме да го запазите рокот на пријавување. По наведениот рок пријави нема да се примаат.