Во тек е пријавувањето за Конкурсот за најдобар расказ по повод традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
Крајниот рок за доставување на трудовите е 31.07.2019 година.
Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ. Авторското право се докажува со четвртиот примерок.
Резултатите од Конкурсот ќе ги објави жири комисија најдоцна до 08.08.2019 г.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.
OhridNews