Во наредните две недели ќе биде работно во КФМ. Клубовите се растрчани бидејќи започна предодниот рок кој ќе трае до 30 Јуни. Први на “пик“ ќе бидат домашните играчи кои се т.н. “слободни агенти” кои имаат право да ја променат играчката средина.

Имајќи во предвид дека поголем број на играчите потпишуваат договори година за година, останува да видиме за кого ќе се одлучат клубовите.

Од поинтересните имиња на пазарот се центарот на Фени Инд, Златко Гоцески, капитенот на Струмица Ефтим Богоев, капитенот на МЗТ Јане Петровски итн..

Охридскиот АМАК СП најави дека нема да ја менува стратегијата со ангажирање на млади кошаркари. Најбитно е да се задржи костурот на тимот, па потоа ќе се размислува за засилувања. Браќата Стојаноски според најавите и наредната сезона ќе го носат сино – белиот дрес на АМАК СП.

М.П.