Предновогодишната атмосфера во Охрид полека почнува да се чувствува. Дуќанџиите ги уредуваат своите излози, а на рафтовите има се повеќе новогодишни производи. На плоштадот кај Чинарот започна и поставувањето на новогодишните тезги.


започна поставувањето на тезгите на плоштадот кај Чинарот

Тезгите ги поставува ЈП „Охридски Комуналец“. Тие ќе бидат поставени во строго определена зона и на нив ќе може да се продаваат само новогодишни производи информираат надлежните.


на тезгите ќе се продаваат само новододишни производи?

И покрај  заложбите на надлежните  на тезгите во минатото можеа да се забележат разно разни производи кои немаат врска со намената за која тие се поставени, а поретко  можеа да се купат и петарди. Продажбата на пиротехнички средства и петарди е забранета потсетуваат од МВР од каде најавуваат дека и оваа година ќе вршат строга контрола на продавачите со цел да се спречи таквата нелегална тровија.

Горан Момироски
фото: Васко Бујароски