Вчеравечер со дефиле низ вевчанските улици, започна петтиот по ред Фестивал на народна култура „ Пображење“. Фестивалот за отворен го прогласи заменик –министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ.
Настапија седум ансамбли кои презентираа изворен фолклор од својот регион и држава: КУД „ Дримкол’’-Вевчани, АКУД „ Мирче Ацев’’- Скопје, КУД „ Извор’’- Јегуновце, КУД „ Бисер’’-Кичево, КУД „ 7ми Септември’’- Македонски Брод, ФГ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца и специјалните гости ФГ „ Балалајки’’ од Полска.
Вечерва со почеток во 20.30 часот ќе започне втората фестивалска вечер која организаторот ја посветува на големиот јубилеј „ 70 години УНЕСКО’’. Присутните ќе имаат можност да ги погледнат машкото и женското оро „ Копачка’’ изведени од Фолклорна група „ Копачка’’ с. Драмче Делчево, двете ора прогласени за светско клтурно наследство заштитени од УНЕСКО.
На 19- ти јули Фестивалот „ Пображење’’ завршува со етно вечер кога ќе настапи познатиот Ансамбл на народни инструменти и песни „ Стевче Стојковски’’ од Скопје заедно со пејачката група „ Меџидија’’.
OhridNews