Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и припадници на АРМ денеска почнаа со отстранување на вреќите со песок што беа поставени на повеќе критични локации на брегот на Охридското Езеро како превентивна мерка од евентуално излевање на водата.
Тој информираше дека во охридско-струшкиот регион беа поставени повеќе од 25 илјади вреќи со песок, а за да се спречи евентуално излевање беа исчистени коритата на реките во сливот на Охридското Езеро.
Коњаноски уште еднаш потврди дека по завршувањето на проценката на штетите што ја врши Општинска комисија, Владата ќе пристапи кон обесштетување на граѓаните.