Со отворање на првата бочва пиво вчера напладне, градоначалникот на Минхен го отвори 174-Октоберфест, најголемиот светски фестивал на пивото.

„За мирен и весел Октоберфест“ наздрави градоначалникот Кристијан Уде заедно со Едмунд Штројбер, кому како баварски премиер, традиционално му припаѓа честа да ја испие првата кригла пиво.

На Октоберфест,кој трае до 7-ми октомври, се очекува да дојдат повеќе од шест милиони посетители од цел свет. Организаторите на прославата проценуваат дека за време на траењето на фестивалот ќе се испијат седум милиони литри пиво, ќе се изедат половина милион печени пилиња и деведесет волови печени на ражен.

J.M.