Годинава на летниот универзитет кој ќе трае до 27-ми август ќе се дебатира на повеќе теми: „Богомилите – дисидентски мост на европски културен идентитет“, „Реконструирање на имагинарната и вистинската Византија: Историското и културното наследство што ја разделува и интегрира Европа“, „Универзалниот карактер на Светиклиментовото просветителство и средновековната книжевност и уметност во Македонија“ и „Светиклиментовата школа за конзервација и за заштита на културното наследство“.
Предавачите ќе бидат универзитетски професори и експерти од земјава и светот.