Центар за култура „Григор Прличев“
Од 28.12.2019 - 20:00 до 28.12.2019 - 22:00
Дали сте подготвени за празнично бајковито патување? Одберете го друштвото, вашето омилено парче облека и подгответе се за најoчeкуваниот културно забавен настан во Охрид, музичко – сценскиот спектакл „Зимска бајка“, која оваа година ќе биде во знакот на филмската музика и креативниот хумор. Петтото, јубилејно издание на „Зимска бајка“, ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 28 декември, со почеток во 20 часот.
Подготовките за настанот се интензивираат, а изведувачите најавуваат извонредно шоу, поразлично од досегашните. Филмската „Зимска бајка, ќе понуди гламур со холивудски шмек, за што ќе се погрижи 12-член бенд кој ќе го предводат вокалите Драган Василески – Пајо и Емилија Колоска, на кој ќе се придружи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, а сето тоа ќе биде надополнето со специјален визуелен перформанс. Тие пред охридската публика ќе изведат познати музички класици и хитови од 7-та уметност, додека актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски со нивното „2 mothers brothers“ кабаре подготвуваат доза свеж и креативен хумор.
Билетите за филмската „Зимска бајка“ во ограничен број, по цена од 350 денари, во продажба ќе бидат пуштени на 18 декември, среда, во „Топ маркет – Ориент“ кај стариот чинар, точно на пладне.
Одбројувањето до спектаклот на година започна!
OhridNews