На иницијатива на градоначалникот на општина Дебарца и пратениците од Охрид и Стрга, владата на последната седница повторно ја разгледа состојбата околу штетите од град во општина Дебарца од пред некоја година, заради одредени причини таму имаше застој кои ги разрешивме и констатиравме дека барањата се оправдани и дека треба да се исплатат штетите од градот, изјави денеска министерот за финансии Зоран Ставрески.
-Во текот на вчерашниот и денешниот ден исплатени се 4.3 милиони денари за 321 лице во општина Дебарца. Опфатени се повеќе населени места: Белчишта, Лешани, Злести, Средорече, Мешеишта, Требеништа и други, така што сите граѓани кои пријавиле штета и кадешто е констатирана истата во рамки на законот исполнија услов да добијат средства за обештетување.-истакна Ставрески.
OhridNews