Започна обележувањето на маунтинбајк патеката на Галичица
20.05.08 09:30
Со цел да им се овозможи на вљубениците во маунтинбајкот (планински велосипедизам) безбедно рекреирање на планината Галичица, јавната установа Национален парк „Галичица“, деновиве започна со трасирање и обележување на патеките за планински велосипедизам. Обележувањето се изведува во соработка со членовите од ВСД „Енерџи“ кои имаат искуство за ваков тип на соработка, велат од националниот парк.
започна обележувањето на велосипедската патека на Галичица
Со цел поефикасно да биде изведено, обележувањето на велосипедската патека е поделено во неколку етапи. Првата етапа од неколкуте предвидени ќе биде сосема ново искуство за љубителите на овој спорт. Потегот од село Велестово до превојот Крстец е по макадам пат во должина од околу 9 км, кој покрај возењето пружа и прекрасниот поглед кон Охридското Езеро.
на патеката кај Велестово
Следи наградата за вложениот напор – прекрасно поле покриено со трева и различни планински цвеќиња. Самата патека продолжва по полето, помеѓу ридчињата и со секој изминат километар изненадува со новоотворените видици. Залкучокот на членовите на ВСД „Енерџи“е дека оваа патека може да ја извози секој маунтинбајк возач со средно ниво на физичка подготвеност, но сепак, препорачуваат внимателно возење, особено при враќањето.
прекрасен пејзаж и извонредни услови за рекреација – НП Галичица
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со туристичкиот сектор од 05 до 07 февруари 2025 година ги претставува македонските туристички потенцијали на Интернационалниот туристич...
На одделението за Гинекологија и акушерство при Општата болница Охрид дониран е нов апарат- кардиотокограф наменет за моноторинг на трудници со близначна бременост ЦТГ апаратот, како што информираа...
Со положување на цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“ и панихида на гробот на Прличев во дворот на црквата „Св Богородица – Перивлепта“, продолжуваат ч...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.