Новогодишното украсување на Охрид започна денес од централното градско подрачје. За украсувањето, предвиден е  буџет во износ од околу 20.000 евра, информираа од Локалната.

За новогодишната ноќ во Охрид ќе биден организиран дочек  на градскиот плоштад на  кој ќе настапат диџеи, бендови и самостојни изведувачи исклучиво од Охрид. Исто така, за првиот ден од новата година предвидена е денска програма со охридска староградска песна во изведба на охридски музичари.

Како што истакна претходно градоначалникот Кирил Пецаков, најавени се странски туристи кои новогодишните празници ќе ги поминат во Охрид и од таа причина градот мора да биде подготвен да ги пречека гостите и  не смее да се дозволи да биде неукрасен.

 

K.A.