Добредојде на новите бруцоши со желба за успех и знаење им посака деканот на ФТУ-Охрид, проф. д-р Софронија Миладиноски.„Нашиот факултет е најголем на Битолскиот универзитет и прв започна да ги применува современите образовни процеси како што се Болоњскиот процес и кредит-трансфер системот и е факултет кој е најдалеку во проширување на образовната дејност, за разлика од другите факултети на Универзитетот“, истакна деканот и потсети дека оваа високообразовна установа егзистира веќе 40 години како продолжување на традицијата на Светиклиментовиот Универзитет.
Новите студенти на ФТОН ги поздрави и продеканот, професор доктор Сашо Коруноски кој не го скри задоволството, што и покрај големата конкуренција во високото образование, студентите го одбрале охридскиот факултет.