Со свечен час што поради актуелната здравствена состојба се одржа во предворјето на црквата Св. Софија, денеска на пладне започна новата академска година на најстарата високо образовна институција од областа на туризмот во Македонија – Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Од името на факултетот на бруцошите им се обрати Деканот проф. д-р Цветко Андреески кој им посака добредојде и успех на идните академски граѓани.

На почеток да ви го честитам изборот на нашиот факулетот како институција во која ќе го направите последниот и најзначајниот чекор кон усовршување на знањето. Вие сте јубилејна 50-та генерација на факултетот и генерација која ќе остане запаметена поради начинот на кој ќе имате онлајн предавања и предавања со физичко присуство, бидејќи се соочуваме со глобална пандемија од коронавирусот. – рече деканот Цветко Андреески.

На свеченоста говореше и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски.

Одбележувањето на почетокот на новата академска година денес на овој прв октомврски ден за Универзитетот „Климент Охридски“ и за Факултетот за туризам и угостителство Охрид е посебна свеченост од повеќе причини. Најпрвин е можност да се собериме сите заедно новозапишаните студенти и вашите професори, кои што имаме мисија да ве водиме низ лавиринтите на знаењето и вештините во сите години од вашето студирање. – изјави Коруновски.

Факултетот во Охрид е дел од Универзитетот Климент Охридски во Битола кој е втор најстар државен универзтитет во Македонија. Студентите низ студирањето ќе имаат можност да соработуваат со околу 30-40 професори кои се врвни стручњаци, доктори на науки и зад себе имаат над 2 000 референци, што во учебници и стручни трудови, проекти и друго. Програмите на факулетот во Охрид се атрактивни и модерни, со што обезбедува квалитет за пазарот на трудот.

Започна новата академска година на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

OhridNews