Со традиционално забивање на чепот во пивска бочва, денеска напладне беше отворено 181-то издание на „Октоберфест“ во Минхен.
„Славината е во бочвата! Нека биде мирен Октоберфест!“, повика новиот минхенски градоначалник Дитер Рејтер, по забивањето на металната славни во пивската бочва, традиционален чин со кој се одбележува почетокот на празнувањето.
Уште пред самото официјално отворање, пред многубројните големи шатори на минхенските пиварници се создадоа големи редови и покрај тоа што на првиот ден од годинешниот Октоберфест, посетителите ги дочека лоши време со дожд и ниски температури.
До 5-ти октомври кога завршува Октоберфест, се очекуваат повеќе од шест милиони посетители од целиот свет. Тие во просек трошат по 68 евра дневно. За време на празнувањето се јадат околу половина милион пилиња, а на ражен завршуваа повеќе од сто волови. Истовремено се испиваат околу седум милиони литри пиво.
Оваа година една традиционална еднолитарска кригла пиво чини 10 евра. Според процените на градот Минхен, Октоберфест на градот и околината секоја година му носи заработка од 1,1 милијарда евра.
OhridNews
„Макфакс“
„Славината е во бочвата! Нека биде мирен Октоберфест!“, повика новиот минхенски градоначалник Дитер Рејтер, по забивањето на металната славни во пивската бочва, традиционален чин со кој се одбележува почетокот на празнувањето.
Уште пред самото официјално отворање, пред многубројните големи шатори на минхенските пиварници се создадоа големи редови и покрај тоа што на првиот ден од годинешниот Октоберфест, посетителите ги дочека лоши време со дожд и ниски температури.
До 5-ти октомври кога завршува Октоберфест, се очекуваат повеќе од шест милиони посетители од целиот свет. Тие во просек трошат по 68 евра дневно. За време на празнувањето се јадат околу половина милион пилиња, а на ражен завршуваа повеќе од сто волови.Истовремено се испиваат околу седум милиони литри пиво.