Синоќа по повод големиот христијански празник Св.Климент Охридски (летен) –патронот на Охрид, во организација на Младинскиот Културен Центар-Охрид и Европската асоцијација на фестивали, започна вториот Меѓународен хорски фестивал „Тебе Поем-Св.Климент Охридски“.    

  

Започнувајќи  од пред Центарот за култура „Григор Прличев“ , низ улиците на Охрид и на разни локации (пред споменикот Св.Климент, на Сараиште, пред куќата на Робевци….)  хоровите учесници на фестивалот со песна го најавија отварањето на фестивалот.

Официјалниот дел на фестивалот продолжува вечерва во Центарот за културата „Григор Прличев“, каде хоровите ќе се претстават со своја програма пред љубителите на хорската музика.

На фестивалот учествуваат хорови од Русија, Романија, Полска, Турција и др.

Почетокот е од 21ч, а влезот  е слободен.

OhridNews