Синоќа околу полноќ по средноевропско време во Рио де Жанеиро, Бразил започна најголемиот и најспектакуларниот карневал на светот. Во наредните 5 дена бразилците ќе заборават на проблемите и обврските, па во луда забава и уште полуди костими ќе се забавуваат пред милиони гледачи. Врвот на возбудата ќе биде перформансот на самба школите кои своите умеења ќе ги покажат на Самбадромот, 500 метри долгата патека на која дефилираат илјадници учесници, во заслепувачки костуми. Самба – боите и убавите жени ќе бидат и оваа година главна состојка на овој неспоредлив настан.


Недела на делириум. Карневал во Рио


Самбадромот

С. Костоски