Со свеченост што се одржа денеска попладне, беше означен почетокот на работите за завршување на обиколницата бул. „Железничка“.


Почетокот на градежните активности го означи министерот за финансии, Трајко Славески, кој истакна дека инвестирањето во инфраструктурата значи изнвестиција во подобра бизнис клима и подобар кваклитет на живење.


По заокружувањњето на сите потребни процедури денеска конечно започнуваат работите за завршување на „Железничка“. Средствата беа обезбедени во 2008 година, но поради тендерски процедури проектот не се реализираше лани, но средства за таа намена беа обезбедени и во буџетот за 2009 година, со што конечно ќе се заврши изградбата на улица „Железничка“, истакна Славески.


Северна трансферзала чија изградба започна во седумдесетите години од минатиот век, додаде Славески, ќе го  растовари сообраќајот и ќе ја подобри безбедноста на жителите кои живеат тука. Сообраќајницата е во должина од 2,5 километри, а градежните работи е предвидено да траат околу пет месеци.


Директорот на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска, рече дека придобивките од спроведувањето на овој проект најмногу ќе се почувствуваат во шпицот на туристилката сезона во лето. Таа најави дека Агенцијата за државни патишта веќе започнала со подготовка на проектна документација за изградба и на магистралата на потегот Косел – Свети Наум, проект чија реализација е предвидена да стратува на почетокот на 2010 година.

Ohridnews