-Резервоарот е капацитет од 150 литри кубни со што конечно ќе се стави крај на проблемот со питка вода за оваа населба кој е посебно изразен во текот на летото заради двојно, па и тројно зголемениот број на корисници, велат од Општина Охрид.
Изведувачките работи ги врши Градежниот институт „Македонија“ од Скопје, а предвидено е новиот резервоар за водоснабдување на Трпејца да биде предаден во употреба на почетокот на наредниот месец.