Изградбата на канализационата мрежа на која жителите од охридските села Лескоец и Велгошти чекаат со децении, конечно започна овие денови. Механизирани екипи го трасираат теренот каде ќе бидат поставени канализационите цевки.

Во Велгошти ќе бидат изградени 12 км. канализациона мрежа која ќе биде конектирана на колекторот, за што ќе бидат потрошени 1,5 милиони евра, информираше директорот на МЈП “Проаква“ Бранко Трпчески. Исто толку пари а ќе бидат вложени и во изградба на дополнителни 12 км.канализација во с. Лескоец, додава Трпчески.


започна изградбата на канализација во Лескоец и Велгошти

Покрај канализација во Лескоец ќе се гради и нов водовод за што се чека одлука на месната заедница. Доколку месното население се согласи да биде приклучено на јавниот водовод МЈП “Проаква“, односно општина Охрид во проектот ќе инвестира 1,2 милиони евра.

Горан Момироски
Мирко Постоловски