Започна изградбата на источната транферзала
Почетокот на работите гo означи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој истакна дека до крајот на оваа година улицата ќе биде пробиена и пошљунчена, а догодина истата ќе биде асфалтирана. „Оваа улица е од големо значење не само за граѓаните кои гравитираат во овој дел на градот, туку и за туристите кои ќе патуваат од плажите кон Битола, со што во многу ќе се растовари сообраќајот на лето“, рече Петрески.
Тој напомна дека покрај оваа улица, годинава ќе биде пробиен и патот од старата автобуска до „Туристичка“, ќе биде завршена улицата „Живко Чинго“, а ќе биде изградена и новата улица помеѓу Жито Леб и Монополот која ќе ги поврзе населбите 15 Корпус и Видобишта. Петрески во изјава за медиумите најави и завршување на канализационата мрежа и колекторскиот систем во Велгошти, Лескоец и Пештани со што како што рече, Охрид 95% ќе биде опфатен со канализација.
свечено означен почетокот на градежните работи