Месец дена по одредувањето на локацијата започна со изградба фудбалскиот стадион со вештачка трева, кој е сместен во спортскиот комплекс „Билјанини Извори“.

Стадионот го гради Општината Охрид, а донација е од Македонската фудбалска федерација и Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и ќе чини околу 200 000 евра.

– Имавме одреден број на технички проблеми кои го отежнуваа почетокот на изградбата на фудбалскиот стадион со вештачка трева. Градежните работи започна а веќе се во втора фаза и ќе се работи со полна пареа – рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Според охридскиот градоначалник стадионот кој е дел од проектот на ФФМ треба да биде завршен до средината на јули.

Извор: www.ohrid.gov.mk
Мх.П.