Деновиве започнаа активностите околу изградба на рекреативната “Франкофонска“ патеката од месноста Студенчишта преку селото Рамне до село Велгошти.
Во првата фаза со механизација се расчистуваат дивите депонии кои со години се создавале како резултат на несовесно одложување на отпаден материјал во природата.
Патеката, со должина од 6.3 км., ќе се протега во Националниот Парк Галичица во непосредна близина на градот Охрид, ќе поминува низ с.Рамне и завршува над с.Велгошти.
Со изградбата на рекреативната патека во подножјето на Галичица ќе се збогати понудата во екотуризмот и ќе се добие една поинаква можност за нови естетски доживувања на просторот, велат од Националниот парк Галичица.
OHRIDNEWS