Деновиве започна доделувањето на новите легитимации за туристички придружник за квалификуваните туристички работници од Охрид. Туристички придружник е нова категорија туристички работник, различна од дејноста водич, односно тoa e  лице кое ја придружува туристичката група.


Туристичкиот придружник треба да ги познава најзначајните туристички региони во светот, како и туристичките места во Република Македонија, општественото уредување, царинските и банкарските работи, сообраќајните можности и да поседува комуникативни способности и користи еден од светските јазици.Туристичкиот придружник може да помага во патувањето на туристичката група при преминување на границата, плаќањето и менувањето на финансиски средства и при давање на други услуги меѓу непосредните корисници и даватели на услуги. Легитимациите за туристички придружник ги издава Здружението на туристички водичи на Македонија.

Ohridnews