Со формирањето на Кор групата за Дрим, денеска во Подгорица започна имплементацијата на првата фаза на Проектот за управување со басенот на реката Дрим наречена Дрим Дијалог.

Првата фаза која ќе трае до средината на 2011 година ќе опфати анализа на басенот, консултации на национално и прекугранично ниво и развивање на документ за Заедничка визија на Дрим . Со проектот се опфатени 5-те земји во
сливот (Грција, Македонија , Албанија, Косово и Црна Гора ) и е импулс за имплементација на Европската рамковна директива за води во овој регион.

Македонската страна во проектот ја претставува Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро а присутни се претставници и од проектите во Преспа и Скадар. Езерата и нивната заштита се всушност главнината на Дримскиот Дијалог а како најголеми предизвици се посочени хидропотенцијалот и енергетските потреби.
Иницијативата се подготвуваше 3 години и конечно резултираше со успех и со старт на еден ваков важен регионален Проект, истакна Пановски.

ohridnews