Во спортско рекреативниот центар Климен Колески во организација на фудбалската школа „Фер Плеј“ започна тридневниот турнир за деца кој има хуманитаран карактер.
Финанскисте средства собрани од учеството на екипите ќе бидат донирани за лекувањето на Трајан Целески-Тачо во Италија кој боледува од тумур Астроцитома.
Хуманите луѓе во Охрид за Трајан Целески-Тачо можат да донираат ширум градот каде се оставени пунктови или на сметката во НЛБ Тутунска Банка 210501663814471.
OhridNews