Со натпреварите од првата рунда започна тридневниот турнир „Трофеј 2015“ кој го организира Фк Охрид Топ Тим по повод првиот роденден.


Турнирот кој се игра на „Атина Бојаџи“ и стадионот со вештачка трева е поделен на три категории 2002, 2004 и 2006 година.


Натпреварите продолжуваат попладне во 17 часот, а половина час претходно ќе има свечено отварање и преставување на екипите учесници.

Завршните натпревари од турнирот се закажани во сабота претпладне, а петок ќе биде финална разврска во групите.

Ohridnews