Експерти од Машинскиот факултет од Скопје во каналот Студенчишта започнаа со вештачење на бродот „Илинден“. Истрагата треба да ги утврди причините кои доведоа до големата несреќа во која загинаа 15 бугарски туристи.
Вештаците вршеа премер и фотографираа одредени делови од бродот „Илинден“. Според најавите целата постапката ќе трае неколку дена.
Претходно истражниот судија од Основниот суд во Охрид, Весна Кичеец, која го води случајот, на експертите им го достави целосниот извештај од истрагата, кој треба да им помогне на вештите лица во експертизата. Во Охрид денеска не допатуваа стручните лица од Хрватска и Словенија, кои ќе учествуваат во вештачењето во подоцнежната фаза.
Бродот „Илинден“ на 5-ти септември потона во водите на Охридското Езеро во близина на авто кампот Елешец. Во несреќата се удавија 15 патници, а повеќе од 40 беа спасени. Единствен осомничен за несреќата засега е капетанот на бродот, Сотир Филески, а од вештачењето ќе зависи дали истрагата евентуално ќе биде проширена и на други лица.
Траорна атмосфера денеска владее во целата државата поради големата трагедија што се случи во Кочани каде во пожар животот го загубија 59 млади лица Тажна е атмосферата и во Охрид чии жители сочувс...
Светските и балканските медиуми пренесуваат вести со фотографии и видеа од синоќешната трагедија во Кочани Од indexhr и blicrs, па се до CNN, BBC и Al Jazeera „Незамислива загуба“, пишува Al Jazee...
Градоначалникот Кирил Пецаков изрази сочувство до семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани Не постојат соодветни зборови со кои може да се опише тагата и болката што ја чувствува...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.