Со свечено дефиле и претставување на учесниците, синоќа на градскиот плоштад свечено беше отворен вториот фестивал на народнин игри „Разиграно оро“. Околу 1000 играорци од Србија, Хрватска,Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Костарика и од Македонија ќе земат учество на фестивалот кој ќе трае до 30 јуни.
Фестивалот го организира ансамблот “Македонка” од Охрид, со поддршка на локалната самоуправа и повеќе спонзори од градот. Ансамблите ќе настапуваат секој ден од 18 ч. на бината која за оваа прилика специјално е поставена на плоштадот “Свети Климент Охридски”.
Започна фестивалот “Разиграно оро“
Ohridnews
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ