Со првите натпревари од групната фаза започна Европското првенство во кошарка за девојки до 16 години кое ќе се одржува во Охрид и Струга од 13 до 23 август.


Честа да го отворат првенството во Охрид имаат селекциите на Данска и Романија додека во истиот термин во Струга силите ги одмеруваат Полска и Луксембург.


Македонската кошаркарска селекција натпреварите ќе ги игра во Струга, а се наоѓа во Д групата со Белорусија, Израел и Финска.

Додека се одигруваат натпревари од групната фаза во Охрид и Струга ќе има по четири мечеви на програмата (14:15, 16:30, 18:45 и 21:00 часот).


Спортската арена „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на финалните натпревари односно мечевите во кои ќе се дознаваат полуфиналистите и новиот шампион.

Мх.П.