Започна ентериерното уредување на поткровјето на охридската гимназија. Овој простор предвидено е да биде охридска куќа на хуманизмот каде секоја година ќе се доделува светската награда за хуманизам.


започнува ентериерното уредување на Гимназијата

Како што информираше советникот за образование во локалната самоуправа, Митре Вељаноски, општината деновиве испратила писмено барање до министерствата  за образование и за култура да се вклучат со свои средства во реализација на овој значаен проект.

Идејата за отворање светска куќа на хуманизмот во Охрид е на Паско Кузман и Јордан Плевнеш кои во 1991 година ја формираа охридската Академија на културата, која има за цел промоција на Охрид во светски рамки.


поткровјето на Гимназијата ќе биде Светски центар на хуманизмот

Предвидено е на овој простор секоја година да се доделува светската награда за хуманизам, а прв добиттник е јапоснкиот пистал и хуманист Даисаку Икеда. Тој наградата ќе ја прими во октомври за време на одржувањето на меѓународната конференција за дијалог помеѓу религиите.

Г. Момироски