Околу 17.500 ученици денеска полагаат Државна матура. Тие денеска полагаат испит по мајчин јазик, додека полагањето на вториот предмет ќе се одржи задутре. Најголем дел учениците за втор екстерен предмет го избрале странскиот јазик, а околу 4000 матуранти се одлучиле за математика.

Тестовите ќе ги оценува државното Биро за развој на образованието, а резултатите се очекуваат најмалку за еден месец.

Ohridnews