По дводневни подготовки во текот на вчерашниот ден започна демонтажата на дограмата од куќата на Уранија.


Се вадат прозорците од Уранија

Овој исклучително вреден споменик на културата од XIX век, целосно ќе биде реконструиран. За таа цел објектот ќе биде разграден кат по кат до камените ѕидови, по што автентично ќе биде изграден. Тоа според одговорните од Заводот и Музеј, кој е носител на проектот за ревитализација на Уранија, се прави за да се зацврсти нарушената статика на објектот кој поради опасност од уривање е вон употреба повеќе од две години.

Покрај дограмата, деновиве се демонтира и вредниот ентериер и дрвенаријата кои повторно ќе бидат вратени назад по завршувањето на реконструкцијата. До крајот на месецов треба да заврши тендерот за избор на најповолен понудувач за извршување на градежните работи, по што ќе отпочнат градежните работи кои треба да завршат до почетокот на идното лето.

Во куќата на Уранија е одржан основачкиот состанок на Македонската академија за науки и уметности – МАНУ, која со одлука на владата го доби овој историски важен објект во трајно користење. Во куќата на Уранија  предвидено е да се формира клон на академијата кој ќе ја истражува охридската средновековна книжевност, а се планира тука да биде сместено и седиштето на Асоцијацијата на научните академии од Балканот.


Започна демонтирањето на дограмата од куќата на Уранија

Ohridnews