Независната продукциска куќа “Z-Macine” ја започнала работата на документарниот филм “Before The End: Jim Morrison Comes Of Age” за починатиот пејач на групата “The Doors”, Џим Морисон. Како што пенеле американските медиуми, филмот ќе го прикаже израснувањето и напредокот на Морисон до статусот на рок ѕвезда, а најавени биле и интервјуа со членовите на семејството и пријателите, кои досега никогаш не зборувале за Џим пред камерите.

Оливер Стоун во 1991 година снимил филмска биографија за овој музичар, а Морисон го играл Вал Килмер. Починал во 1971 година кога имал само 28 години.