Вчера попладне започна асфалтирањето на улица „Илија Смически“ во село Лескоец во должина од 1.100 метри и ширина на коловозот од 3 до 4,5 метри.
Проектот за реконструкција на оваа улица започна пред две недели, а на асфалтирањето му претходеше поставување на нова фекална канализација по должината на патот и поставување на нов тампон.
Асфалтирањето на улицата „Илија Смически“ ќе се одвива по фази во наредниве неколку денови. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.
Овој проект општина Охрид го реализира со поддршка на Светска Банка.
OhridNews