Поставен е првиот асфалтен слој на коловозот на улицата „Јане Сандански“, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“.

Инаку, претходно на овој потег беше поставена нова главна водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри и завршени се сите поединечни приклучоци на домаќинствата. Исто така, извршено е поставување на нова фекална канализација во должина од 400 метри.

Извршена е и реконструкција на троторите од двете страни на улицата и поставено е ново улично осветлување. Во меѓувреме се изведени и две нови велосипедски патеки, одредени се локации за паркирање, поставени се две автобуски постојки и назначени се две локации за такси превозници. Уредена е и соодветна зелена површина и засаден е нов дрворед.

Градоначалникот Константин Георгиески денеска изврши увид на градежните активности.

 

 

OhridNews