Започна аплицирањето за субвенции на руралниот развој
09.03.10 10:22
Регистрираните земјоделците од Охридскиот регион, до 12 април 2010 година, ќе може да аплицираат за субвенции од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2010 година. Акредитацијата од оваа програма важи за три мерки: Инвестиции за подобрување на конкурентност и модернизација на земјоделски стопанства, Инвестиции за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделски производи и Финансиска поддршка на промотивни активности за развој на рурален туризам. На ниво на цела Македонија од оваа програма се планирани вкупно 33 милиони и 785 илјади денари .
-Еден барател може да поднесе најмногу две поединечни барања по различни мерки, односно под-мерки. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во самата Програма и Уредбата за спроведување на политиката за рурален развој. Финансиската поддршка ќе се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, доколку поинаку не е определено.-се вели во јавниот оглас на оваа програма.
За потребните обрасци и инфорамциите за условите за аплицирање, земјоделците ќе може да се обратат во Подрачната единица на Агенцијата за подршка на земјоделството во Охрид.
Изминатото деноноќие на територијата на државата имало осум пожари на отворено, два во Охридско, при што сите се изгаснати од страна на пожарникарите, информираат од Центарот за управување со кризи...
Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување ...
Утрото студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлините Преку денот сончево со мала до умерена облачност Ќе дува слаб променлив ветер Во Охрид времето денес сончево Ќе дува слаб п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.