Во Минхен денеска почна 59. Минхенска безбедносна конференција (МСЦ), на која работниот дел од состанокот е во тек, а на неа ќе учествуваат голем број меѓународни претставници, како и шефови на држави и влади и претставници на меѓународни организации и граѓанското општество.
Официјалниот дел од средбата треба да започне, како што е предвидено во дневниот ред, околу 14 часот.
Конференцијата ќе се одржува до 19 февруари во хотелот „Бајеришер Хоф“, а теми на средбата ќе бидат предизвиците на надворешната и безбедносната политика, со посебен акцент на руско-украинскиот конфликт.
Клучната тема на овогодинешната безбедносна конференција ќе биде руската инвазија на Украина, како пресвртница во глобалната политика и најголемиот европски безбедносен предизвик, како и други прашања, најавија организаторите.
Прв соговорник, во работниот дел на конференцијата, на тема „Глобалната политичка ситуација“, беше поранешниот претседател на Германија, Јоаким Гаук.
Меѓу говорниците кои ќе се обратат на собирот се германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Бил Гејтс, како и многу други официјални лица, меѓу кои претседатели, премиери и министри на многу земји.
OhridNews