Џорџ Ларникол, сопственик на десетина продавници за чоколадо во Западна франција, запловил во неделата во морето со својот чамец долг 3,5 метри направен од чоколадо. На пристаништето во Конкарно се собрале стотина љубопитни лица за да сведочат на подвигот на слаткарот.
Ларникол костурот на чамецот го направил од шеќер, а остатокот од чоколадо. Чамецот е тежок 1,2 тони, има едро и мотор, а кога запловил во него биле Ларникол и уште двајца негови пријатели. Присутните успешното запловување го поздравиле со громогласен аплауз.