По наредба на Обвинителството полицијата заплени пет возила сопственост на фирми кои се поврзуваат со фирмите од случајот „Пајажина“. Од полицијата објаснуваат дека налогот се однесува на 16 возила, како мерка за обезбедување имот додека се работи предметот. Од нив пронајдени се пет, со кои меѓу другото се дистрибуираат дневните весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха Е Ре“.
Според главните уредници на весниците, запленувањето на возилата претставува дрзок обид за цензура.
„Ова е еден дрзок обид на власта да се спречи дистрибуцијата на трите дневни весници, да се спречи тие да стасаат до своите читатели и повторно да се изврши еден обид да се заведе цензура и гласот на критичката јавност да не стаса до оние на кои им е наменет“, изјави за А1, Бранко Геровски, главен и одговорен уредник на „Шпиц“.
За Коле Чашуле, главен и одговорен уредник на „Време“, ова е уште еден преседан во низата што ги прави власта.
Уредниците на весниците најавија дека дистрибуцијата на „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре, и покрај отежнатите услови ќе продолжи.
OhridNews