Eкипи на Крим полиција и Полициското оделение Пештани при СВР Охрид, вчера во населбата Пештани, спроведоа акција за пронаоѓање и откривање на лица кои се занимаваат со незаконски риболов, криумчарење и прикривање на риба.
Притоа, извршен е претрес во домовите на неколку жители на Пештани и во еден ресторан, при што пронајдени се и одземени 78 парчиња односно 33 килограми разновидна риба претежно охридска пастрмка.
Одземената риба, со записник е предадена во Хидробиолошкиот завод – Охрид за понатамошна техничка анализа.
Против лицата кај кои е пронајдена рибата, ке бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Охрид.