Повеќе рибарски мрежи во должина од околу 100 метри, седум килограми риба Охридска пастрмка и низа примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени овој месец од водите на Охридското Eзеро при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против три лица поднесени се кривични пријави.

Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објектна Охридското Езеро во време кога има ограничена пловидба на чамци и скутери на природните езера во Република Македонија, управување со пловен објект без уверение и без пловидбени дозволи како и поради необележаност на пловниот објект на видно место со регистарска ознака.

Поради необележаност на рибарските мрежи со жиг од Државниот инспекторат за земјоделие како и поради необележаност на пловните објекти, истите се одземени за што е запознат и јавниот обвинител.

OhridNews