Единицата за борба против недозволена трговија со дрога и оружје при Одделот за организиран криминал во содејство со СВР Тетово, заплени над 500 килограми дрога – марихуана.
Полицијата приведе четири лица кај кои во вчерашна акција на МВР е пронајдена дрогата.
Кај браќата Кенан и Зеадин Хакики од село Челопек во изнајмен стан во Тетово пронајдени се шест килограми марихуана, а остатокот до 530 килограми се пронајдени во бачило во село Требош кај татко и син Ризли и Кујтин Мурати, исто од Челопек.
Запленети над половина тон марихуана