Денеска по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, кај место викано Шумска колиба, приведен е E.С (27) од Р.Албанија, информираат од МВР.

При извршена контрола во патничко возило „фолксваген пасат“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 91,3 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка, кои биле предмет на недозволена трговија од Р. Албанија кон Р. Северна Македонија, додаваат во соопштението.

Е.С. е приведен во Полициската станица за граничен надзор Франгово, велат од МВР и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews

фото. МВР