Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, викендов, на повеќе локации пронашле рибарски мрежи и уловена риба.
Мрежи биле пронајдени на околу 200 метри од брегот на езерото, спроти хотел „Метропол“, на околу 20 метри од брегот на езерото, кај АК „Извиднички“ како и на 10 метри од брегот на езерото, спроти плажа „Версус“.
Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews