Во периодот од 13 до 15 декември, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското Езеро, самостојно и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршиле повеќе контроли при што се запленети мрежи и незаконски уловена риба.
На потегот Пештани – Радожда, припадниците на Езерската полиција, пронајдоа и одзедоа 15 рибарски мрежи во должина од над 200 метри, 50 парчиња уловена разновидна риба во вкупна тежина од околу девет килограми. како и друг риболовен алат и прибор, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Контролните активности на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ ќе бидат интензивирани со цел, фаќање на лица кои вршат кривично дело „незаконит риболов“, но и за заштита на државната граница, најавиполицијата.
Г.М.